САД, Франција, Германија и Британија за ситуацијата во Авганистан

Од:

Министрите за надворешни работи на САД, Франција, Велика Британија и Германија ќе разговараат денеска во Брисел за ситуацијата во Авганистан, зајакнатите тензии меѓу Украина и Русија и нуклеарните преговори со Иран, соопшти германската Влада.

Во соопштението на германското МНР се најавува состанок на „шефовите на дипломатиите на САД, Велика Британија и Германија, како и претставник на Франција, а главна тема ќе биде Авганистан, но и актуелните случувања на границата меѓу Украина и Русија и нуклеарниот договор со Иран“.

Во Брисел се наоѓаат американскиот државен секретар Ентони Блинкен и министерот за одбрана на САД, Лојд Остин поради видеоконференциска врска со колегите од НАТО.

Алијансата мора да одлучи дали се исполнети условите за завршување на мисијата во Авганистан, каде моментно се наоѓаат 9.600 војници од 36 држави.

Според неименуван американски официјален претставник, претседателот Џо Бајден одлучил војската на САД да остане во Авганистан и по 1 мај, но „безусловно“ ќе ја напушти таа земја до 11 септември, кога се одбележуваат 20 години од терористичкиот напад во САД по што следеше интервенција во Авганистан.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан