САД ѝ донира 200 респиратори на Русија

Од:

САД ќе и донираат 200 респиратори на Русија, како помош во борбата против епидемијата со новиот коронавирус. Респираторите ќе бидат доставени преку воен транспорт.

Првите 50 респиратори произведени во Калифорнија в среда ќе бидат подготвени за испорака до хирушкиот центар во Москва, додека другите 150 респиратори ќе бидат подготвени за достава до 26 мај.

Респираторите што ќе бидат донирани на Москва чинат околу 4,7 милиони долари. Американски претставници изјавија дека респираторите се наменети за граѓаните на Русија и оти донацијата не е сигнал за партнерство со руската армија.

Руските власти во средата ја суспендира употребата на респираторите Авента-М, од руско производство, по неколкуте пожари во Москва и во Санкт Петербург, предизвикани од тие апарати.

Русија со 272.000 случаи е втора земја во светот по бројот на заразени луѓе со новиот коронавирус, а на прво место е САД.

Би можело да ве интересира

Бајден ги именува најважните дипломати во Стејт департментот, Нуланд се враќа како потсекретар

Дали потеклото на вакцината ќе влијае на патувањето на граѓаните

Ландов

Матичните доктори кои не можеа да дискутираат за лекот Ивермектин, ќе гледаат снимка

Пенс ѝ честиташе на Камала Харис во првиот контакт меѓу двете администрации

Жарко Настоски

Секој четврти Русин веќе е отпорен на ковид-19, тврди функционерката Попова

Жарко Настоски

Тренерот на ПСЖ Покетино се зарази со коронавирус

Жарко Настоски