Американски маринец, десетарот Васеф Хасун (35), кој во 2004 година исчезнал од база во Ирак, а потоа побегнал во Либан е прогласен за виновен за двојно дезертерство и е осуден на две години затвор.
Откако исчезнал од својата база во Фалуџа, во јуни 2004 година, овој преведувач на арапски јазик, по еден месец се појавил во Либан и тврдел дека го киднапирале екстремисти.
Сепак воените истражители го обвиниле за недозволено напуштање на единицата и кражба на службен пиштол.
Според наводите Хасун пред започнување на процесот против него, повторно ги напуштил САД и заминал во Либан, каде што е роден.
Е. Г.