САД чекаат дополнителни податоци пред да ги затворат границите поради новиот сој на коронавирус

Од:

САД чекаат дополнителни научни податоци за новиот сој на коронавирусот забележан во Јужна Африка, пред да донесат одлука за можно затворање на границите, изјави денеска советникот на Белата куќа за пандемијата, Ентони Фаучи.

– Ќе донесеме одлука што е можно поскоро кога ќе имаме повеќе податоци, изјави Фаучи за Си-ЕН-Ен.

Франција, Холандија и Велика Британија попладнево веќе ги забранија летовите од Јужна Африка и пет соседни африкански земји, а од денеска забраната во целост ја воведе и Европската унија.

– Таква опција секогаш се предвидува, но не можете да кажете дека ќе го направите, се додека не добиете научна причина за тоа. Затоа сега се обидуваме да собереме научни податоци пред да донесеме добро осмислена одлука, додаде Фаучи.

Светската здравствена организација ги советува земјите да не преземаат мерки за ограничување на патувањата додека не биде позната заразеноста и преносителноста на новиот вид на коронавирус откриен во Јужна Африка.

Би можело да ве интересира

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Спектакуларно бегство на затворен од САД