САД бараат дополнително намалување за 250 милиони долари за следниот годишен буџет на ОН за периодот 2018-2019 година, откако генералниот секретар Антонио Гутереш веќе најави кратење од 200 милиони долари од средствата на Вашингтон, наведуваат дипломатски извори.
Тој буџет е за вообичаени активности на ОН, за плати на Светската органзиација, за опрема и инфраструктура, пренесува БТА
Буџетот сега се разгледува и треба да биде одобрен од 193 држави членки на крајот од декември.