САД бара Советот за безбедност на ОН да одржи средба за кризата во Венецуела

Од:

САД побара од Советот за безбедност на Обединетите нации да одржи средба следната недела на која ќе се дискутира за хуманитарната криза во Венецуела.

Според дипломатски извори, средбата се очекува да се одржи во среда.

Минатата недела, според извештај на ОН, е регистрирано дека седум милиони луѓе, околу 24 отсто од населението во Венецуела, имаат потреба од хуманитарна помош, поради тешкиот пристап до храна и лекови.

Во Венецуела околу 3,7 милиони луѓе страдаат од неисхранетост, што е трипати повеќе од податоците за 2010-2012 година, според кои најмалку 22 отсто од децата на возраст под 7 години страдаа од неисхранетост.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Украински ММА борец, победи Американец во Лас Вегас и скандираше: Русија, Русија

Пендаровски бара да му се забрани влез на Џамбаски во Македонија

Кристијан Ландов

Кај Пендаровски седница на Советот за безбедност

Судството на Венецуела нареди апсење на новото раководство на паралелниот парламент

Ана Ололовска

Венецуелската опозиција го разреши привремениот претседател

Најмалку 43 загинати во свлечиштето во Венецуела, повеќе од 50 исчезнати

Горан Наумовски