САД анализираат забрана за кинески социјални мрежи

Од:

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, во интервју за „Фокс њуз“ изјави дека оваа земја размислува за забрана на кинеските социјални мрежи, вклучувајќи го и „ТикТок“.

Американските законодавци изразија загриженост во врска со националната безбедност на земјата во врска со употребата на Tик Ток и политиката за заштита на податоците на корисниците на таа социјална мрежа.

Тие стравуваат дека кинеските закони може да бараат од домашните компании да соработуваат со разузнавачките служби контролирани од кинеската Комунистичка партија.

Коментарот на Помпео следеше по ескалацијата на тензиите меѓу Кина и САД, како резултат на реакцијата на пандемијата на коронавирусот, кинеските потези во Хонг Конг, како и трговската војна што траеше скоро две години.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски