САД: 14 загинати во напад во Калифорнија

Од:

Најмалку 14 луѓе загинаа и 17 се ранети во напад врз регионален центар за лица со инвалидитет во Сан Бернандино во Калифорнија.

Полицијата застрела двајца осомничени и во потера е по третиот. Според американски медиуми, полициската акција траела 4,5 часа.

Портпаролка на полицијата во Сан Бернандино, изјави дека третиот осомничен е во бегство. Десетммина од ранетите се во критична состојба, јави Си-Ен-Ен.

Според Ен-Би-Си, нападот се случил во момент на прослава во сала за конференции во регионалниот центар Инленд за лица со инвалидитет во Сан Бернандино.

napadikalifornija1

Еден од осомничените за нападот врз социјален центар во Сан Бернандино во Калифорнија, е идентификуван како Саид Фарук, јави Ен-Би-Си.

Според извори во полицијата, медиумот наведува дека вториот осомничен е негов брат. Идентитетот на третиот напаѓач не е соопштен.

Федералните власти засега не го оквалификуваа нападот како терористички акт.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Наставничка со тупаници собори ученичка на под, па ја газеше по главата

Трамп ќе соработува и со диктатори, доколку инвестираат во САД

Почнуваат јавните сослушувања во рамки на истрагата за отповикување на Трамп

Чешка купува од САД 12 воени хеликоптери

Првпат од формирањето, со „Фајненшел тајмс“ ќе раководи жена

Американскиот Врховен суд расправа за судбината на децата на нелегалните имигранти во САД

Leave a Comment

four × 4 =