Саакашвили прифати да биде вицепремиер на Украина

Од:

Поранешниот гувернер на Одеската област и поранешен претседател на Грузија, Михаил Саакашвили го прифати предлогот на украинскиот претседател, Зеленски да ја преземе функцијата вицепремиер за реформи во Владата на Денис Шмигал.

– Го прифатив предлогот на претседателот Зеленски, изјави Саакашвили пред средбата со членовите на фракцијата од партијата „Слуга на народот“.

Тој прецизира дека Зеленски му понудил „да се занимава со преговорите со ММФ“, откако Украина „стигна до катастрофална ситуација во економијата“.

Саакашвили истакна дека на Украина и треба многу поголема помош од страна на меѓународните финансиски институции и додаде дека при тоа не треба да се преминат црвените линии, без да прецизира кои се тие.

– Ја поддржувам интеграцијата на Украина во меѓународната заедница и секако забрзаната интеграција на Украина во Европа, но според наши услови, истакна Саакашвили.

Би можело да ве интересира

Во рускиот напад на регионот Черкаси повредени се шест лица

Стејт департментот официјално ја потврди тајната испорака на ракети со долг дострел на Украина

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски

Руските војници ја уништија работилницата на украинската армија за производство на беспилотни летала

Нова корупциска афера во Украина, осомничен е министер за земјоделство

Русите прават голем напредок во источна Украина