Саакашвили обвинет за трошење државни пари за ботокс третмани во САД

Од:

Обвинителството на Грузија започна истрага за злоупотреба на државни средства, откако грузиска телевизија го обвини претседателот Михаил Саакашвили дека платил ботокс третман во САД со државни пари, соопшти портпаролката на обвинителствово Хатуна Пашадзе.

– Обвинителството има право да ги сослуша сите лица, кои можеби се вклучени и тоа може да биде и претседателот на Грузија, изјави таа.

Според документи објавени денеска од грузиската телевизија „Имеди“, Саакашвили потрошил над 11.000 долари државни средства за ботокс третман за време на посети на Њујорк во 2009 и 2011 година. Телевизијата тврди дека меѓу документите со кои располага има и фактури за плаќање естетски интервенции.

Пратеници од партијата на претседателот Саакашвили изразија сомневање во автентичноста на документите.

Истрагите, обвиненијата и апсењата на високи претставници на администрацијата на Саакашвили се зголемуваат по победата на парламентарните избори во декември на опозициската коалиција, предводена од милијардерот Биѕина Иванишвили.

Би можело да ве интересира

Грузија сака да воведе закон за странски агенти

Новинар на РТ беше приведен од грузиските власти на аеродромот, а рускиот пасош му беше одземен

Грузиските фудбалери ја победија Грција и обезбедија пласман на ЕП

Голема трагедија во семејството на грузиската претставничка на Евровизија

А1он

(ВИДЕО) Вооружен напаѓач уби четири лица на пазар во Грузија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Ќерката на Лавров предизвика хаос во Грузија: Дојде на свадба, мораше да ја напушти земјата со полициска придружба

Катерина Ѓуровски