Саакашвили најави враќање во Грузија

Од:

Поранешниот грузискиот претседател Михаил Саакашвили најави план за враќање дома оваа недела, на денот на локалните избори, за да помогне во „спасување на земјата“ и повика на пост-изборни улични протести.

Саакашвили, кој е во Украина, рече дека планира да се врати во сабота, и покрај тоа што му се заканува затвор поради обвинувања за кои тврди дека се политички мотивирани.

– Се решава судбината на Грузија, во прашање е опстанокот на Грузија и затоа купив авионски билет за 2 октомври за да бидам со вас и да ја заштитам вашата (политичка) волја, да учествувам во спасувањето на Грузија, рече Саакашвили.

Тензиите меѓу владејачката партија Грузиски сон и опозицијата поддржана од Саакашвили нагло се зголемија по парламентарните избори минатата година, за кои опозицијата тврдеше дека биле наместени.

Меѓународните набљудувачи тогаш рекоа дека основните слободи во голема мера се почитувале.

Би можело да ве интересира

Грузија сака да воведе закон за странски агенти

Новинар на РТ беше приведен од грузиските власти на аеродромот, а рускиот пасош му беше одземен

Грузиските фудбалери ја победија Грција и обезбедија пласман на ЕП

Голема трагедија во семејството на грузиската претставничка на Евровизија

А1он

(ВИДЕО) Вооружен напаѓач уби четири лица на пазар во Грузија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Ќерката на Лавров предизвика хаос во Грузија: Дојде на свадба, мораше да ја напушти земјата со полициска придружба

Катерина Ѓуровски