„С&П Глобал“ предвидува глобална рецесија од 2,4 проценти

Од:

Агенцијата за кредитен рејтинг „С&П Глобал“ денеска ја намали проекцијата на глобален раст поради пандемијата со новиот коронавирус.

Во соопштението на Агенцијата се наведува дека според најновите податоци за економското влијание на мерките преземени за сузбивање на ширење на вирусот Ковид-19 премина од ниво „лошо“ на „полошо“.

– Сега проценуваме дека годинава глобалниот бруто домашниот производ ќе се намали за 2,4 проценти, а во САД и еврозоната падот ќе изнесува 5,2 односно 7,3 проценти, респективно. Очекуваме глобалниот раст во 2021 година ќе биде 5,9 отсто, истакнува „С&П Глобал“.

Меѓународниот монетарен фонд претходно предвиде глобален пад од три отсто.

Би можело да ве интересира

Ангеловска-Бежоска: Поради родовата нееднаквост губиме околу 18% од БДП годишно

Орце Костов

БДП зголемен за 2,2 отсто соопшти Статистика

Народна банка: Нето надворешниот долг достигна 4,32 милијарди евра

Орце Костов

БДП со раст од 1,1 отсто во второто тримесечје од годинава

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Невработеноста во првиот квартал од 2023 изнесува 13,3 проценти

Орце Костов