Руте: Украинските власти да ги прекинат воените дејствија во реонот на авионската несреќа

Од:

Холандскиот премиер Марк Руте денеска побара од украинските власти да ги запрат борбените активности во близина на местото каде на 17 јули падна малезискиот „Боинг“.

Авионот се урна со 298 патници и членови на екипажот, од кои 194 беа Холанѓани, поради што Холандија има посеба улога во истрагата на местото на несреќата.

Претходно денеска холандското Министерство за надворешни работи соопшти дека експертите од Холандија и Австралија, испратени во Украина, веќе трет ден не можат да стигнат до место на несреќата, што се наоѓа на околу 70 километри источно од Доњецк, затоа што во регионот продолжуваат „жестоките борби“.

ИТАР-ТАСС јави дека се очекува експертите да ја продолжат потрагата по загинатите на местото на несреќата.

Во текот на првите денови по трагедијата проруските сили, кои ја контролираат зоната, најдоа над 200 тела, кои веќе се испратени за идентификација во Холандија.

Би можело да ве интересира

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина

(ВИДЕО) Заложничка криза во бар во Холандија: Ослободени тројца заложници

Орце Костов

(ВИДЕО) Драма во Холандија: Луѓе заробени во кафуле, наредена итна евакуација

Судир меѓу полицијата и семејствата на исчезнатите во Ротердам: Уапсени двајца мажи