Руското обвинителство бара 13 години затвор за Навални

Од:

Руското обвинителство денеска побара 13 години затвор за опозицискиот лидер Алексеј Навални во случајот „измама“ и „навреда на судот“.
Навални веќе отслужува затворска казна од две и пол години.

Обвинителката Надежда Тихонова побара 13-годишна затворска казна, пренесоа руските новински агенции.

Од 16 февруари, на 45-годишниот Навални му се суди во затворскиот комплекс, кој се наоѓа на 100 километри источно од Москва.

Истражните органи го обвинуваат за проневера на милиони рубљи во вид на подароци дадени на неговите антикорупциски организации, и поради „навреда на судот“ за време на едно од неговите претходни рочишта.

Во 2020 година Навални помина неколку месеци на лекување во Германија откако беше отруен со нервен агенс, за што го смета за одговорен рускиот претседател Владимир Путин.

Тој е уапсен во јануари 2021 година, откако се врати во земјата од Германија и беше осуден на две и пол години затвор за стар случај на проневера што датира од 2014 година. Таа пресуда предизвика бројни осуди на Западот и санкции против Москва.

Во јуни 2021 година, судот ги прогласи неговите главни организации како „екстремистички“, што доведе до нивно затворање и кривично гонење на многу нивни активисти. Повеќето од нив оттогаш заминаа во егзил.

Навални неодамна се изјасни против руската инвазија во Украина и ги повика своите поддржувачи да демонстрираат за мир и покрај ризиците од апсење и судско гонење.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Навална: Ја одбија жалбата за да не се знаат вистинските околности на неговата смрт

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Протест „Против Путин“ на некои избирачки места во Русија

Горан Наумовски

Нападнат е близок соработник на Навални

Повеќе од 40 земји бараат истрага за смртта на Навални

(ВИДЕО) Погребан е Навални, започнаа првите апсења на луѓе кои извикуваа слогани против Путин

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голема колона на луѓе чекаат на ред да се простат од Алексеј Навални