Руското Министерство за одбрана негира дека средбата за Сирија во Астана е одложена за еден ден, јави ТАСС.
– Преговорите ќе се спроведат, како што е планирано денеска и утре. Нема никакви паузи и одложувања, изјави висок претставник на руското Министерство за одбрана.
Тој објасни дека денеска ќе бидат одржани работните средби во двостран формат, во текот на кои ќе бидат допрецизирани позициите, а утре ќе се спроведе пленарна седница со учество на сите делегации, на која може да биде донесен заклучната декларација.
Претходно казахстанското Министерство за надворешни работи соопшти дека преговорите во Астана, што беа предвидени за денеска, се одложени за утре.