Руските воени авиони во Каракас, уште една порака за Америка

Од:

Два воени руски авиони во саботата слетаа на главниот аеродром во Каракас, а наводно во нив биле десетина војници и големо количество опрема, со задача да „исполнат технички воен договор“.

Дмитриј Песков, портпарол на претседателот Владимир Путин одби денеска да коментира зошто товарните авииони слетале во Каракас и упати за одговори во Министерството за одбрана.

Весникот “Комерсио“ претходно објави дека авионите Антонов Ан-124 и Илјушин 62 со руски војници и 35 тони опрема стигнале во главниот град на Венецуела во саботата.

Асошиетед прес пак цитира неименуван функционер на Венецуела кој кажува дека двата руски авиони „стигнале во Каракас викендот како дел од тековната воена соработка на двата сојузници“.

Официјални лица на руската војска се тука за да разговараме за одржување на опремата, обуката и стратегијата, рече овој функционер на Венецуела.

Британскиот јавен сервис, ББС, пренесува дека венецуелскиот новинар Хавиер Мајорка на Твитер напишал дека видел 100 припадници на руската војска и околу 35 тони опрема која била истоварена од авионот.

Британскиот јавен сервис наведува дека руските авиони стигнале во Венецуела три месеци откако двете земји имаа заеднички воени вежби.
Се наведува дека Мајорка на социјалните мрежи објавил како во Каракас слетале два теретни авиони на руското воздухопловство и помал млазен авион, а дека на чело на трупите бил генералот Василиј Тонкошкуров.

Воен изветувач на ББС оценува дека „Русија има намера да покаже дека американската политика кон Венецуела има ограничувања“.

-Адинистрацијата на Трамп сака да се промени режимот во Венецуела и да се обнови демократијата. Но Москва, долгогодишен сојузник на власта во Венецуела му пружа на режимот на Мадуро дипломатска, економска и воена поддршка. Минатиот месец два руски бомбардери од долг домет Ту -160 слетаа во Каракас, што веднаш предизвика војна со зборови помеѓу Вашингтон и Москва, пренесува ББС.

Тој вели дека „иако не е јасно каква опрема е доставена со последните воени летови, тоа сепак испраќа дополнителна порака до Вашингтон.
Американскиот претседател, Доналд Трамп одби во целост да ја отфрли можноста од воена интервенција во Венецуела. Рускиот претседател Владимир Путин постави уште еден маркер, нагласувајќи дека Венецуела е сојузник на Русија и дека нема да отстапи од тоа мало упориште во Латинска Америка. Тоа е уште еден пример како Путин применува ограничени средства со кои се спротивстваува на целите на амаериканската политика, заклучува за ББС известувачот за прашања од одбраната.

Би можело да ве интересира

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“