Руските власти ги предупредија граѓаните дека може да бидат уапсени во странство по барање на САД

Од:

Руското Министерство за надворешни работи ги предупреди граѓаните на Федерација, дека се уште реално се загрозени од притвор или апсење по барање на службите на САД, ако се наоѓаат во трети земји, стои во коментарот што беше наведен денеска на сајтот на дипломатското претставништво, јави ТАСС.

Москва повеќепати повика за воспоставување на соработка меѓу надлежните органи на Русија и САД врз основа на билатералниот договор за меѓусебна правна помош во кривичните дела од 1999 година.

Се уште не е исчезната „неприфатлива практика да се организира лов на Руси низ целиот свет“, истакна Министерството.

Министерството им препорача на руските граѓани „внимателно да ги пресметаат сите ризици“ при патувањето во странство, особено ако имаат причина да претпоставуваат дека се барани од страна на полицијата на САД.

Би можело да ве интересира

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска