Руските стратегиски ракетни единици во 2020 година ќе одржат повеќе од 200 воени вежби

Од:

Руските ракетни единици со стратегиска намена (РВСН) во 2020 година ќе имаат повеќе од 200 воени вежби, со што вкупната бројка на активности нема да се промени со споредба со 2019 година, изјави заменик командантот на РВСН генерал-полковник Сергеј Сивер во интервју за весникот „Краснаја звезда“ , пренесе Тасс.

– Во оваа година стратегиските ракетни единици спроведоа повеќе од 200 вежби на различно ниво. Сметам дека оваа бројка е оптимална и дозволува подобрување на показателите за маневарската обука на личниот состав. Од овие причини во 2020 година бројот на вежби ќе остане непроменет, изјави воениот командант.

Сивер забележа дека вежбите ќе се спроведат со учество на повеќе видови взаемно дејствувачки сили и средства на воените окрузи, видови на вооружените сили и воени единици. Освен тоа, интензитетот на активностите ќе биде сменет, а нивната трајност ќе остане на истото ниво. Исто така, ќе се спроведат специјални вежби за сите видови обезбедување.

Генералот додаде дека најголемата вежба ќе се спроведе под непосредно раководство на командата на РВСН на територијата на Оренбургската и Иркутската област.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски