Руските сили започнаа контранапад во областа Курск

Од:

Руските сили започнаа контранапад во областа Курск, која Украинците ја нападнаа на почетокот на август, откако претседателот Владимир Путин нареди да се врати територијата.

Во ненадеен потег на 6 август, силните украински сили – кои до крајот броеја околу десетина баталјони со по 400 војници – ја пробија одбраната долж границата во близина на руската област Курск.

„Ова го стави Путин под притисок“, рече британскиот министер за одбрана Џон Хили.

Како што пишува „Форбс“, Путин наредил да се врати Курск до 1 октомври, а во средата руските трупи послушно започнале контранапад долж западниот раб на украинската стража. Доколку оваа мисија не се исполни до 1 октомври, Русија ќе ги насочи сите сили на Курск.

Руската контраофанзива за протерување на Украинците од областа Курск и официјално започна – изјави во објава на „Х“ финскиот аналитичар Јони Аскола.

Руското Министерство за одбрана потврди дека нивните сили започнале контраофанзива против украинските војници во областа Курск, откако информацијата првично беше објавена од воени блогери. Проукраинските блогери објавија и тешки борби во дел од окупираната руска територија. Истото го потврди и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Генералштабот на Украина не ги коментираше операциите во Курск, велејќи само дека Русија одржува „воено присуство“ на границата со регионот Суми што се граничи со Курск, изведувајќи воздушни напади и гранатирајќи гранични населби.

Би можело да ве интересира

Првата руска вакцина против рак, почнаа клинички испитувања

Предраг Петровиќ

Освен Кина, Русија има уште еден моќен сојузник

Предраг Петровиќ

Во Украинa рации во барови, на мета мажи кои не се одѕвале на воената регрутација

A1on

ВИДЕО: Напад на функционер во Русија, тројца мртви

Катерина Ѓуровски

Русија и Иран формираат сојуз, Америка е загрижена

Путин: Неопходен е нов светски поредок