Руските резервисти масовно гинат копајќи ровови и во нападите врз Бахмут тврдат Британците

Од:

Британското Министерство за одбрана објави нов дневен извештај на британското разузнавање за ситуацијата во Украина. Во фукус на извештајот е мобилизацијата која Путин ја најави пред два месеци и која, барем според Кремљ, во меѓувреме завршила.

„Распоредувањето на мобилизираните војници често се карактеризира со конфузија во врска со подобноста за служба, несоодветна обука и лична опрема и многу исцрпувачки борбени мисии“, пишуваат Британците.

Понатаму, Британците велат дека голем број резервисти кои се принудени да одат во војна имаат значителни здравствени проблеми.

„Мобилизираните резервисти веројатно претрпеле особено тешки загуби откако морале да копаат големи системи за ровови додека биле под артилериски оган околу градот Сватова во Луганската област“, ​​пишуваат Британците.

„Во регионот на Донецк, резервистите беа убиени во голем број во фронтални напади врз добро утврдените украински одбранбени зони околу градот Бахмут“, додаваат тие.

„Кремљ веројатно е загрижен поради тоа што се поголем број семејства резервисти се подготвени да ризикуваат апсење протестирајќи против условите под кои служат членовите на нивните семејства“, се додава во извештајот.

Би можело да ве интересира

Орбан: Запад на чекор до испраќање војска во Украина

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Вака изгледа град кој го напаѓаат Русите

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Русите ги распоредуваат моќните ракети „Кх-69“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Американски снајперист во Украина: Мора да го запреме Путин