Рускиот парламент го одобри законот за забрана на пушењето на јавни места

Од:

Рускиот парламент изгласа нов построг закон за забрана на пушењето на јавни места, откако минатата недела беше прифатен од Долниот дом на Парламентот.

Се очекува претседателот Владимир Путин законот да го потпише без задржување.

Забраната се однесува на јавни места како што се барови, ресторани, хотели, болници, стадиони и железнички станици. Таа ќе стапи во сила на 1 јуни, иако некои од објектите може ќе добијат период од една година за полесно прифаќање на промената.

Законот забранува и пушење во филмови и театарски претстави, освен ако тоа не може да се избегне поради уметнички причини. Излозите на продавниците треба да бидат испразнети од средства за пушење, а рекламите за цигари да бидат тргнати од билбордите.

За индивидуално кршење на забраната се предвидува казна од 125 евра, а за компании казни до 4 илјади евра.

Предвидено е зголемување и на акцизата на тутунските производи, како и на малопродажните цени на цигарите, кои моментално во Русија се движат  околу 1 евро.

Русија е една од земјите во светот со најголем број пушачи, околу 44 милиони. Според податоците на руското Министерство за здравство, една третина од населението во Русија се пушачи.

Би можело да ве интересира

Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила

А1он

Поранешен шеф на МИ-6 тврди: Европа е во војна со Русија

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети