Рускиот министер за одбрана е подготвен да се сретне со својот британски колега за Украина

Од:

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу се согласил на состанок во Москва со неговиот британски колега Бен Валас, на кој ќе се разговара за руско-западната криза околу Украина, изјави денеска извор од британското Министерство за одбрана.

– Министерот за одбрана е задоволен што Русија ја прифати поканата да разговара со неговиот колега. Бидејќи последната билатерална средба меѓу нашите две земји беше во Лондон во 2013 година, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу предложи тие да се сретнат во Москва, рече изворот.

Од британска страна, министерот јасно стави до знаење дека ќе ги истражи сите начини за постигнување стабилност и решавање на украинската криза, додаде изворот и информира дека сè уште се во контакт со руската Влада за да се утврдат практични детали.

Најавата за оваа билатерална средба дојде во време кога од вчера почна одредено смирување меѓу Западот и Москва по неколкунеделна вербална ескалација, за време на разговорите во Женева меѓу министрите за надворешни работи на Русија и САД, Сергеј Лавров и Ентони Блинкен, потсетува Бета.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

Украина: Во рускиот напад на областа Дњепропетровск загинаа 8 лица, 29 се повредени

Горан Наумовски

Експлодираше гасовод во регионот на Харков

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Би-Би-Си: Убиени се најмалку 50.000 Руси