Рускиот извештај за состојбата на човековите права во САД

Од:

По Кинезите, и Русите напишаа извештај за човековите права во САД, созададен од податоците на американските независни организации за човекови права.

Во недостаток на критика, со голема доза на лицемерие, Америка и натаму сака да се прикаже како чувар на човековите слободи и права, а всушност истите не ги почитува во сопствената земја, посочија од Руската федерација.

 Еве дел од она што напишаа Русите за човековите права во САД.

 1. Учество на САД во меѓународните договори и конвенции за човекови права

Од девет основни меѓународни договори и конвенции за човекови права, САД потпишале само три. Според официјалните информации на ОН, САД не учествуваат во 17 меѓународни институции кои се занимаваат со човековите права. Овој факт ја позиционира земјата во државите кои ограничено учествуваат во меѓународните спогодби кои се однесуваат на човековите права.

 

 2. Пораст на екстремистичките групи

Во САД има тенденција на опасен пораст и јакнење на расистички и ксенофобични чувства. Американските институции регистрирале зголемен број на екстремистички групи и пораст на злосторствата врз основа на расна, верска и етничка нетрпеливост.

 

3. Прекумерна употреба на сила од страна на полицијата

Според извештаите на невладините организации само во 2010. година  регистрирани се повеќе од 5.000 случаи на прекумерна употреба на сила од страна на полицијата. Само околу 30 проценти од полицајците се процесуирани за направени прекршоци. Во 2010. година, полициските службеници биле вплеткани во 618 сексуални напади, злоставувања и силувања, од кои во 180 случаи жртви биле малолетници.

Според податоците на организацијата Amnesty International, од 2001. година до 2012. година најмалку 500 луѓе во САД биле жртви поради употреба на електричните шокери оружјето кое полицијата го користи за апсење и приведување.

Полицијата се обвинува и за расно профилирање, па така во Њујорк каде што расните малцинства се половина од жителите, тие се предмет на 80% од сите тамошни полициски истраги.

 

4. Економски и социјални права

Во САД има 12,8 милиони невработени, 40 милиони живеат без здравствено осигурување, и 14, 5 насто од семејствата се соочува со недостаток на храна.

Од развиените земји во светот, САД имаат еден од најслабите системи за заштита на работничките права, организирање и колективно преговарање.

 

5. Права на децата

 Стотини илјади деца во САД се подложени на лош третман.  Телесното казнување е легално во 19 држави, а него го претрпеле 7, 5 % од децата што одат во училиште. САД имаат образовни центри каде децата добиваат „третамани“ кои вклучуваат електричен шок, скратување на храната и присилно вдишување на амонијак. Насилството над  посвоените деца создава загриженост во Русија, се вели во извештајот.

САД е една од двете држави во светот која ја нема ратификувано Конвенцијата на ОН за правата на детето.

 

6. Право на глас

Постојниот електорски систем на гласање во САД создава ситуација, гласовите на граѓаните од некои држави да имаат поголема тежина од гласовите на други држави. Повеќе од 5, 8 милиони Американци се исклучени од изборниот процес врз основа на претходни пресуди.

Е.Холдер, американски министер за правосудство регистрацијата на гласачите во САД ја нарече „препотентна“. Американскиот уред за попис извести дека од 75 милиони гласачи со право на глас на претседателските избори во 2008 година, 60 милиони не можеле да гласаат поради недостаток на регистрација која опфаќа многу комплицирани процедури.

 

7. Слобода на говор, печат, транспарентност на владините активности

 Во 2012 година, Агенцијата за меѓународна проценка драматично го намали рејтингот на слободата на говор во САД, во голема мерка поради претерано острите мерки преземени од полицијата против новинарите кои известуваа од протестите непожелни за американската администрација. Заедницата на американските новинари е загрижена поради заострувањето на законот за масовни медиуми, кој ќе резултира со намалување на новинарските права. Освен тоа, не е реткост новинарите во САД да останат без работа поради „политичко некоректното мислење“.

 

8. Цензура на интернетот

Американската администрација прибегнува кон индиректни притисоци на компаниите кои нудат веб услуги. Во 2011 година, само Google примил  103 % зголемени барања за отсранување на содржини. Од 2004. година до 2007.година бројот на прегледаните мејл адреси од страна на тајните служби пораснал за 3000%.

 

9. Смртна казна

Во  33 амеркански држави сеуште постои и се применува смртна казна. 3.100 затвореници моментално очекуваат извршување на смртна казна, а 22 малолетници се погубени во САД помеѓу 1976 година и 2005 година.

 

10.  Затвори

САД и натаму е земја со најголем број затвореници во светот, околу 2,2 милиони луѓе, или секој 99 возрасен жител е во затвор. Повеќе од  60% од американските затвореници се припадници на расни и етнички малцинства. Бројот на осудени на доживотна робија постојано расте.

Во некои од државите, еден од 20 затвореници се чува во екстремни услови, во изолација или самица. Многу од затворите не ги задоволуваат ниту основните стандарди за притвор. Редовно и во голем број (околу 2 милиони од 2003 година до денес) затвореници се понижувани и подвргнати на сексулано злоставување од страната на затворските службеници.

 

Извор

MINISTRY OF FOREIGN AFFAIRS OF THE RUSSIAN FEDERATION – REPORT ON THE HUMAN RIGHTS SITUATION IN THE UNITED STATES OF AMERICA.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат