Рускиот брод во Атлантски Океан е „опасност по животната средина“

Од:

Рускиот брод „Љубов Орлова“, кој плута по Атлантскиот Океан по неуспешните обиди за одвлекување во отпад претставува „непосредна“ опасност за животната средина, предупреди денеска француската еколошка организација „Робен де Буа“ (Робин Худ).

Кородираниот брод долг сто метри, кој е именуван по руската филмска ѕвезда од 30-тите години, плута во меѓународни води во близина на брегот на Канада по два неуспешни обида да биде одвлечен во отпад. На бродот нема екипаж ниту предупредувачки светла.

– Во случај на судир, потонување или која било друга несреќа „Љубов Орлова“ веднаш ќе го испшушти горивото, пираленот и другите токсични течности, азбест, жива у друг нерастворлив отпад, се наведува во соопштението на француската организација.

Бродот произведен 1976 година исплови од канадскиот брод на 23 јануари и требаше да биде одвлечен во отпад во Доминиканската Република. Но, еден ден подоцна пукна кабелот и бродот остана во меѓународни води. Потоа беше прикачен на „Атлантик хок“ но „Љубов Орлова“ повторно се откачи.

– Рускиот брод не е лоциран, тврди „Робен де Буа“, додека експертите наведуваат дека бродот може да отплови кон Ирска.

Канадските власти изјавија дека бродот не е во нивна надлежност откако ги напуштил канадските води и дека за „Љубов Орлова“ одговорен е сопственикот.

Би можело да ве интересира

Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила

А1он

Поранешен шеф на МИ-6 тврди: Европа е во војна со Русија

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети