Рускиот амбасадор во Судан, Миргас Ширински бил пронајден мртов во базенот во неговиот дом во главниот град Хартум.
Се претпоставува дека Ширински, кој вообичаено имал висок крвен притисок, починал пд природна смрт.
Шеесет и две годишниот амбасадор починал додека пливал во базенот.
Според портпаролот на руската амбасада во Судан, Сергеј Конјашин, дипломатот бил пронајден со слаба срцева реакција, по што веднаш бил повикан лекар, но не успеал да го спаси Ширински.