Рускиот амбасадор во Хелсинки вели дека приемот на Финска во НАТО не е директна закана за Москва

Од:

Официјалниот прием на Финска во НАТО не претставува директна закана за Русија, но постои загриженост во врска со распоредувањето на инфраструктурата и тешкото вооружување на Алијансата, изјави денеска рускиот амбасадор во Финска, Павел Кузњецов.

dobivaj vesti na viber

„Официјалниот прием на Финска во НАТО не претставува сериозна закана за руската безбедност. Сепак, постои загриженост дека НАТО би можел да распореди свои постојани воени бази или тешко офанзивно оружје и системи за ракетна одбрана во Финска“, рече Кузњецов, за руски медиуми.

Во тој случај, како што предупреди рускиот амбасадор во Финска, Русија ќе мора да преземе соодветни мерки како одговор за својата безбедност.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Лавров: НАТО отиде предалеку

Катерина Павлова-Николовска

Русите се во „експрес лонец“: Украинците со нова полициска тактика „виновна“ за успехот на контраофанзивата на Киев

А1он

Руски функционер од Херсон со жесток напад врз министерот за одбрана: Шојгу да размисли за самоубиство

Ана Ололовска

Вучиќ од Прага: Дали вие ја казнувате Русија или Србија?

Ана Ололовска

Пахор: НАТО мора да ја остави вратата отворена за Украина

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Пропагандистот на Путин, Сатановски: Ќе ги убиеме сите што се против Русија

Ана Ололовска