Руски пратеник: Откако ќе им ја уништиме електричната мрежа, на ред е банкарскиот систем

Од:

Пратеникот на руската Дума Андреј Гуруљов рече дека неговата земја ќе ја уништи електричната мрежа на Украина и потоа ќе го таргетира нејзиниот банкарски систем.

„Ако го бомбардираме центарот на нивното банкарско работење, ќе го оневозможиме трансферот на пари, картичките нема да работат и луѓето нема да земаат плати“, рече Гуруљлов.

Тој додаде дека најважно е што индустриското производство во Украина е запрено.

„Индустрија која донесе приход. Индустријата која произведува оружје, сè е запрено, тоа е најважно, сè друго се несакани ефекти. Можеме да кренеме во воздух железничка станица со еден проектил. Зошто да не го направиме тоа? Ние сега работиме на нивната електрична мрежа, ќе ја уништиме, следен е банкарскиот систем“, рече Гуруљов.

Би можело да ве интересира

Експлодираше гасовод во регионот на Харков

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Катерина Ѓуровски

Би-Би-Си: Убиени се најмалку 50.000 Руси

Медиуми: Експлозија на воениот аеродром на Крим, затворен дел од автопатот