Руски политички активист го потпали влезот во седиштето на ФСБ

Од:

Рускиот уметник и политички активист Пјотр Павленски го потпали влезот во московската зграда „Лубјанка“, каде се наоѓа седиштето на разузнавачката агенција ФСБ, а потоа се фотографираше, стоејќи пред огнот.

Павленски дошол со метална канта со бензин до зградата и со помош на двајца новинари, кои ја снимале целата сцена на потпалување на влезната врата, извел уметничко-политички перфоманс.

Со снимките е издадено и соопштение во кое се вели дека „ФСБ користи методи на терор и применување сила“ врз 146 милиони луѓе.

Интервенирала московската полиција која го уапсила Павлински. Тој е обвинет за хулиганство и е задржан на сослушување. Приведени се и двајцата новинари кои само биле испрашувани за целиот настан.

Нема податоци за повредени, освен што се вели дека била предизвикана помала штета на влезната врата на седиштетот на ФСБ.

Зградата „Лубјанка“ има историско значење за Русија и пред тоа, за Советскиот Сојуз. Во неа од секогаш биле сместени тајните служби- прво Чека, а подоцна и КГБ. По падот на комунизмот, во зградата е сместена новата, Федерална служба за безбедност (ФСБ).

Во згрдата има и затвор во кој, во времето на чистките на Сталин, се држени без судење и ликвидирани политичките дисиденти.

Павленски беше уапсен во 2013 година за својот протест со седење на „Црвениот плоштад“ кога за плочките, го прикова својот скротум, а една година пред тоа ја имаше „сошиено“ устата, протестирајќи против апсењето на членките на групата „Пуси Рајат“.

Би можело да ве интересира

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска