Михаил Пахомов, пратеник од владејачката „Единствена Русија“ од Липецк кој неодамна беше пријавен за киднапиран, е пронајден мртов со едно руско село, јужно од Москва, јавуваат тамошните медиуми.
Неговото тело било пронајдено во буре со цемент. Полицијата открила дека станува збор за насилна смрт.
Во врска со убиството, досега се уапсени 11 лица вмешани во случајот, а во киднапирањето бил вмешан и поранешен министер.