Руски парламентарци бараат од Путин да ги признае сепаратистичките области во Украина како неависни држави

Од:

Руските парламентарци апелираа до Думата да побара од претседателот Владимир Путин да ги признае проруските сепаратистички области во источна Украина како независни држави, додека Украина и Западот стравуваат од руска инвазија на Украина.

Поради акумулацијата на војници долж границата со Украина, многумина стравуваат од можен руски напад. Русија го анектира Крим во 2014 година и ги поддржува проруските сепаратисти во источна Украина кои војуваат со украинската армија од 2014 година.

Во предлогот за резолуција од 11 пратеници, вклучително и претседателот на Комунистичката партија Генадиј Зјуганов, се вели дека Русија треба официјално да ги признае двете самопрогласени републики како независни држави за да ги заштити жителите од надворешни закани.

„Ви се обраќаме со барање да го разгледате признавањето на Народна Република Донецк и Народна Република Луганск како самостојни, суверени и независни држави“, се вели во предлог-резолуцијата.

Русија им дозволува на жителите на областите под контрола на сепаратистите да аплицираат за руско државјанство по забрзана процедура.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

Украина: Во рускиот напад на областа Дњепропетровск загинаа 8 лица, 29 се повредени

Горан Наумовски

Експлодираше гасовод во регионот на Харков

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Би-Би-Си: Убиени се најмалку 50.000 Руси