Руски новинар осуден на осум години затвор за ширење „лажни вести“ за руската армија

Од:

Московскиот суд го осуди познатиот руски новинар Александар Невзоров во отсуство на осум години затвор, откако беше прогласен за виновен за ширење „лажни вести“ за руската војска.

Инспекторите отворија случај против Невзоров минатата година поради објави на социјалните мрежи во кои тој ги обвини руските вооружени сили за намерно гранатирање на породилиште во украинскиот град Мариупол.

Судот во соопштението наведе дека новинарот ќе ја отслужи казната доколку некогаш се врати во Русија и дека ќе му биде забрането да управува со интернет содржини четири години. Невзоров, кој води канал на YouTube со речиси 2 милиони претплатници, истрагата против него ја нарече смешна и минатиот март ја напушти земјата со сопругата. Сега тој има украинско државјанство.

Би можело да ве интересира

Руски ракетен напад врз Одеса, има повредени

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Стрелков: Го советувам Путин да замолчи и да не ја отвора устата

Ана Ололовска

Русија бара работници за изградба на утврдувања на Крим – дневница до 90 долари

Путин: Британија најави испраќање тенкови и гранати со осиромашен ураниум, ако тоа се случи, ќе одговориме

Ана Ололовска

Шојгу: Можен е нуклеарен судир меѓу Русија и Западот

Ана Ололовска

САД: Украина ќе ги добие нашите тенкови Абрамс до есен

Ана Ололовска