Руски измамници продаваат уреди за „дечипирање“

Од:

„Досетливи“ Руси почнале во својата земја да продаваат „уреди за дечипирање“ – што би се користеле за после вакцина против коронавирус.

Имено, д-р Георги Костјук, главен лекар во Психијатриската клиничка болница во Москва, објасни дека измамниците развиле „дечипатор“ – мал уред „за еднократна употреба“ што се закачува на местото на инјекцијата. Теоретичари на заговор ги уверувале следбениците дека со „дечипирање“ ќе се уништат „сите чипови што биле вбризгани“ со вакцината во раката.

Налудничавите теории на заговор за „чипирањето“, според наводите, се особено популарни во земји како Русија и Бугарија, каде што стапката на вакцинација е мала, но бројот смртни случаи е огромен. Уред за дечипирање си купиле Руси кои биле вакцинирани за да не останат без работа или да заминат на одмор.

Рускиот психијатар истакнува дека „приказните за микрочипови се глупави и чудни“. Досега, 39 отсто од Русите се вакцинирани со две дози против коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

Русија се огласи за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Нов воздушен напад во Луганск

А1он

Русија: Подгответе се за безусловна капитулација на Украина

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема евакуација на населението во регионите погодени од полави во Русија