Руски истражувачки центар: Откриени повеќе од 80 мутации на новиот коронавирус

Од:

Рускиот државен истражувачки центар за вирoлогија и биотехнологија „Вектор“ откри повеќе од 80 мутации на коронавирусот, изјави денеска генералниот директор на институцијата, Ринат Маскјутов.

Тој истакна дека овие мутации не влијаат на ефикасноста на развиената вакцина, пренесува ТАСС.

– Центарот Вектор дополнително спроведува обемни студии за генетската варијабилност на новиот коронавирус во сите руски региони, рече тој на 17-от годишен состанок на Меѓународниот клуб за дискусии Валдаи.

Тој додаде дека досега се откриени повеќе од 80 замени на нуклеотиди, кои не се вклучени во меѓународните бази на податоци.

– Но, овие промени не се критични и не влијаат на ефекасноста на пептидите на развиената вакцина, рече директорот на центарот при Федералната служба за надзор и заштита на правата на потрошувачите и благосостојбата на луѓето.

Русија на 11 август објави дека ја регистрирала вакцината против коронавирус Спутник V што ја разви Центарот за истражување Гамалеја при Министерството за здравство и дека клиничките испитувања биле успешно завршени во јуни и јули.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски