Руски истражувачи успешно на себе тестирале вакцина против коронавирус

Од:

Руските истражувачи кои работат на вакцина против коронавирус, развија имунитет на инфекцијата откако ја проверија на себеси.

– Научниците од Истражувачкиот центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеј“ не работеа толку многу на тестирањето, колку што работеја на заштита за да можат да продолжат да работат, изјави директорот на тој центар, Александар Гинцбург, пренесе „Москва тајмс“.

– Сите се живи, здрави и среќни, рече Гинцбург на прашањето дали тие имаат несакани ефекти. – Сите што беа вклучени во развојот се заштитени, појасни тој.

Гинцбург не кажа колку луѓе ја примиле вакцината, која користи ослабен вирус за да испорача мали делови од патогенот и да поттикне имунолошкиот одговор.

Тој изјави дека вакцината ја примиле широк спектар од оние кои работеле на вакцината, предклинички истражувачи и технолози.

Истражувачкиот центар ги чека резултатите од тестовите направени на мајмуни со цел да побара дозвола од Министерството за здравство да почне клинички испитувања врз луѓе, посочи Гинцбург.

Би можело да ве интересира

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

Русија се огласи за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Нов воздушен напад во Луганск

А1он

Русија: Подгответе се за безусловна капитулација на Украина

Горан Наумовски