Руски и кинески бродови забележани во близина на Алјаска

Од:

Американската крајбрежна стража во близина на Алјаска забележа кинески и руски поморски конвој, вклучително и крстосувачки брод со наведувачки проектили и разорувач.

dobivaj vesti na viber

Два брода на кинеската морнарица и три бродови на руската морнарица се забележани во Берингово Море во формација на оддалеченост од 138 километри од островот Киска. Американскиот брод стациониран во ги следеше бродовите пред тие да ја пробијат формацијата и да се разделат. Американската крајбрежна стража имаше поддршка од воздух од авионот Ц-130.

Инцидентот се случи еден месец откако генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, предупреди за интересот на Кина и за зголемено воено присуство на Русија за Арктикот.

Според Столтенберг, Русија формирала нова Арктичка команда и отворила стотици нови и поранешни воени локации на Арктикот од советската ера, вклучително и длабоки водни пристаништа и аеродроми.

Кина се прогласи за земја блиску до Арктикот и планира да го изгради најголемиот мразокршач во светот. Пекинг и Москва, исто така, ветија дека ќе ја интензивираат соработката на Арктикот. Ова е дел од продлабоченото стратешко партнерство што ги предизвикува нашите вредности и интереси, изјави Столтенберг за време на посетата на северна Канада.

Не е првпат бродови на кинеската морнарица да пловат во близина на водите на Алјаска. Во септември 2021 година, крајбрежната стража во Беринговото Море и во северниот дел на Тихи Океан наиде на кинески бродови на околу 80 километри од Алеутските Острови.

Би можело да ве интересира

Песков: ОБСЕ ја губи ефикасноста поради односите со Русија

Ана Ололовска

Протест на официјален Пекинг: Посета на делегација на британскиот Парламент на Тајван е флагрантно кршење на принципот една Кина

Ана Ололовска

ЕУ постигна начелен договор – руската нафта по 60 долари за барел

Ана Ололовска

Кина реши да ги олесни Ковид-мерките

А1он

Кина ја продолжува координацијата и комуникацијата со ЕУ

Горан Наумовски

САД размислуваат да ја прогласат групата Вагнер за терористичка организација

Ана Ололовска