Руски хирург: Коронавирусот личи на проба за биолошка војна

Од:

Ситуацијата со пандемијата на вирусот Ковид-19 личи на проба за биoлошка војна, изјави рускиот детски хирург Леонид Рошаљ, пренесува Спутник.

„Кога ја анализирам моменталната ситуација, сфаќам дека ова е проба за билошка војна. Не велам дека овој вирус е направен од човек, нема доволно основа за такво тврдење, а и јас не сум виролог. Но, ова е тест за здравствениот систем и биолошката заштита на земјата“, вели Рошаљ во интервју за „Форбс“.

Тој укажува на тоа дека вирусот не познава граници и дека е невозможно да се предвиди ширењето на епидемијата, бидејќи луѓето од различни земји различно се однесуваат, и покрај сите ограничувања.

Според него, во Русија во борбата против коронавирусот се вклучиле сите, па и претседателот и владата.

Рускиот хирург смета дека ниската стапка на смртност во земјата е поврзана со навременото воведување на ограничувања при влез во земјата и мерката на внатрешна контрола.

Рошаљ препорачува дека е неопходно да се продолжи со носење на маски и ракавици, и дека не треба да се праќаат настинати деца во градинка, да се почитуваат санитарните мерки во претпријатијата, да биде забрането работниците кои не се чувствуваат добро да одат на работа и да се спроведуваат тестирања.

„Коронавирусот ја тестира издржливоста на човештвото и тоа како би поднеле сериозна биолошка катастрофа“, заклучува хирургот.

Би можело да ве интересира

Русите спречиле терористички напад: ФСБ уапси три лица

(ВИДЕО) Нова драма во Русија: Евакуиран трговски центар по дојава за експлозивна направа

Катерина Ѓуровски

Објавена снимка од дрон од ужасот и пустошот во Москва

А1он

140 повредени во терористичкиот напад, полесно повредените добиваат амбулантска нега

А1он

Пендаровски го осуди нападот во московската концертна сала Крокус

А1он

Киев одговори на Русија: Тврдењата за наша вмешаност не заслужуваат ни критика

А1он