Руски функционер од Херсон со жесток напад врз министерот за одбрана: Шојгу да размисли за самоубиство

Од:

Кирил Стремусов, вториот човек на Херсон, регионот анектиран од Русија, сугерираше дека рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу поради поразот на бојното поле, би требало да размисли за самоубиство. Станува збор за изненадувачки, па и невиден јавен напад на еден од највисоките руски претставници, пишуваат дел од светските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Над седум месеци војна, а не се остварени ниту најосновните воени цели што ги зацрта Русија со инвазијата на Украина. Минатите месеци руската војска претрпе низа порази на бојното поле и рускиот претседател Владимир Путин нареди делумна мобилизација, потсетуваат медиумите.

Заменикот на лидерот на анектираниот Херсон, Стремусов во видео порака јавно ги прозва генералите и министрите во Москва затоа што не ги разбираат проблемите на бојното поле.

– Навистина, многумина велат дека би се убиле, како офицери, доколку како министри за одбрана би дозволиле да се случуваат вакви работи. Но, знаете дека зборот „офицер“ за многумина е неразбирлив, вели 45-годишниот Стремусов.

Дел од медиумите нагласуваат дека таквата јавна и навредлива осуда на воените команданти на Путин, а да доаѓа одвнатре, е многу ретка во Русија. Но, серијата порази на бојното поле во Украина наведе некои од неговите сојузници да ги критикуваат највисоките генерали.

Министерот за одбрана Шојгу, еден од најблиските соработници на Путин, е именуван во 2012 година. Тие биле толку блиски, што редовно имале заеднички одмори.

Некои британски медиуми оценуваат оти критиката е проблем за Путин. Дали да се жртвува блискиот сојузник и да се признае дека војската потфрлила, или пак, да се задржи Шојгу и да се ризикува преземање вина на себе?

Министерството за одбрана не одговори на барањето за коментар.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Украина подготвува контрамерка против руските намери

А1он

САД размислуваат да ја прогласат групата Вагнер за терористичка организација

Ана Ололовска

Велика Британија најави нова рунда санкции за уште 22 Руси

Ана Ололовска

Во изминатите 24 часа девет лица го загубија животот во пожари во станови низ Украина

Ана Ололовска

Фон дер Лајен рече дека загинале 100.000 украински војници, ЕК ја избриша изјавата

Ана Ололовска

Руските разузнавачи тврдат дека Полска се подготвува да припои големи делови од Украина

Ана Ололовска