Руски функционер: Бахмут е оперативно опколен

Од:

Јан Гагин, помошник на вршителот на должноста шеф на Доњецката Народна Република (ДПР), изјави дека руските сили го опколиле Бахмут. Тој тврди дека во моментов се води борба за контрола на автопатот кој води западно од Бахмут до Часив Јар.

Неговите коментари доаѓаат откако портпаролот на украинската војска вчера изјави дека тие ги одбиле руските обиди да ја прекинaт линијата за снабдување.

„Бахмут е оперативно опколен, нашите сили го затвораат обрачот околу градот. Борбата за контрола над автопатот Часив Јар-Бахмут е во тек“, рече Гагин на руската државна телевизија.

Бахмут беше изложен на жестоки напади на руската артилерија и пешадија во последните месеци.

Би можело да ве интересира

Експлозии одекнуваат во Киев

(ВИДЕО) Орландо Блум се сретна со Зеленски: Твојот пораз ќе биде пораз на надежта, затоа мора да победиш

ВИДЕО: Објавена снимка од мистериозен црн круг на небото над Москва

Предраг Петровиќ

Објавен наводен разговор меѓу руски милјардер и продуцент: Путин е сатана

Украински генерал: Одбраната на Бахмут е воена потреба

Ана Ололовска

Секретарот на рускиот Совет за безбедност: Западот ја направи Украина воен камп

Ана Ололовска