Руски амбасадор: ИД е најголема закана за Балканот и Кавказот

Од:

Балканот и Кавказот се најзагрозени доколку упориштата на Исламска држава (ИД) и други терористички организации не бидат уништени, предупреди денеска рускиот амбасадор во Србија, Александар Чепурин.

Тој учествува на тркалезна маса на тема „Законската акција на Русија во Сирија и нејзиното геополитичко влијание на Балканот“, организирана од Центарот за развој на меѓународната соработка. Чепурин истакна дека терористите би можеле да не стигнат до некои далечни земји, како на пример Австралија, но „со сигурност“ ќе стигнат до голем број европски држави.

– Најзагрозени зони се Балканот и Кавказот. Можеме да седиме и чекаме што ќе се случи утре, но ако не бидат уништени тие ќе продолжат понатаму, нагласи Чепурин.

Според рускиот амбасадор, „за Европа е многу значајна соработката меѓу руската и француската флота, бидејќи е важно да се создадат заеднички механизми за да се реши проблемот“.

– Прашањето за опстојување на сирискиот претседател Башар ал Асад е од второстепено значење. Најважно е да се победи ИД, потенцира Чепурин.

Би можело да ве интересира

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска