Руската вакцина ја разниша словачката влада – премиерот нарача „Спутник V“ без да ги праша партнерите

Од:

Словачката владејачка коалиција, која ја сочинуваат четири партии, ја зафати криза откако премиерот Игор Матович ги заобиколи коалициските партнери и нарача руски вакцини „Спутник V“против Ковид-19.

Матович донесе таква одлука и покрај барањата на неговите партнери да не се набавува руската вакцина, бидејќи не е одобрена од Европската агенција за лекови (ЕМА).

Словачка е втора земја од ЕУ, по Унгарија, која ја купува руската вакцина, иако ЕМА тврди дека рускиот производител не аплицирал за регистрација, но ја нуди вакцината на одделни членки на Унијата.

Еден од коалициските партнери, партијата „За луѓето“, се закани дека ќе ја напушти Владата поради ваквиот потег, додека Партијата на слобода и солидарност повика за реконструкција на владиниот кабинет.

Во меѓувреме, воен авион е испратен во Москва да донесе 200.000 дози на Спутник во текот на викендот, што е прва испорака од нарачаните два милиона дози.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Мечка снимена на улица во Словачка, двајца повредени

Жена од Белорусија починала откако бегала од мечка на северот на Словачка

Горан Наумовски

Грозоморно убиство во Словачка: Готвач си ја искасапил девојката

Горан Наумовски

Драма во Словачка по телефонска закана: Ќе го повторам масакрот од Прага

Момче скокна од покривот на училиштето, мајка му гледала: Го малтретирале девојчињата од одделението

Предраг Петровиќ

Фицo именуван за премиер на Словачка, положи заклетва