Руската офанзива на Бахмут најверојатно заглави поради недостаток на војници, објави британското разузнавање

Од:

Британското Министерство за одбрана објави нов разузнавачки извештај за војната во Украина.

„Недостигот на војници веројатно ја кочи руската офанзива во градот“, велат Британците.

Извештајот ги преиспитува тврдењата на руските медиуми дека платеничката група „Вагнер“ зазела фабрички комплекс во северниот дел на центарот на градот, велејќи дека „веројатно се уште е спорно“.

„Руските напади сè уште се на намалено ниво во споредба со претходните недели. Едно од клучните достигнувања на неодамнешните украински операции веројатно е потиснувањето на руските војници од групата Вагнер од рутата 0506“, објави британското Министерство.

0506 можеби е само селски пат, но стана клучна линија за снабдување на украинските војници. Претходно војниците на Вагнер беа на неколку стотини метри од тој пат.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно денеска предупреди дека загубата на Бахмут може да резултира со голем предизвик за Украина и може да ја принуди земјата на компромис со Русија.

Би можело да ве интересира

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ

Стигна порака: „Новата американска помош нема ништо да смени во Украина“