Руската авијација уништила 15 нафтени инсталации и 525 камиони цистерни во Сирија

Од:

Руската воена авијација во изминатата недела уништила 15 нафтени инсталации во Сирија и 525 камиони цистерни, кои превезувале нафта, изјави министерот за одбрана Сергеј Шојгу, известувајќи го претседателот Владимир Путин.

– Бродови на Касписката флота истрелале денеска 18 крстаречки ракети врз седум цели во провинциите Рака, Идлиб и Алеп. Сите цели се погодени, рече Шојгу.

– Воздушните напади ги лишиле џихадистите на „Исламска држава“ од 1,5 милиони долари дневно профит од продажбата на гориво, истакна тој.

Според Шојгу, нападите нанеле и значителни загуби, што само при еден воздушен напад во провинцијата Деир ал Зур биле убиени над 600 екстремисти.

Руски воени авиони извршиле 522 полети и уништиле над 800 цели само во изминатите четири дена. 

Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков одново денеска ја исклучи можноста денеска од копнена операција на руските војници во Сирија.

Тој ја коментираше изјавата на Путин за неопходноста од „нова фаза“ во воената операција во Сирија. – Немаше разгледување на копнена операција, рече Песков.

Во меѓувреме, руското МНР објави соопштение според кое, шефот на дипломатијата Сергеј Лавров денеска телефонски разговарал со државниот секретар Џон Кери. Тие ја разгледале неопходноста од заеднички напори против Исламска држава во Сирија и неопходноста од преговори меѓу Дамаск и опозицијата.

Би можело да ве интересира

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска