Руската амбасада во САД бара визи за Лавров и сите членови на руската делегација за седницата на ГС на ОН во септември

Од:

Руската амбасада во САД побара од Белата куќа и Стејт департментот да му издадат визи на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и на сите членови на руската делегација за учество на Генералното собрание на ОН во септември. Ова го изјави рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов.

dobivaj vesti na viber

„Амбасадата веќе се обрати до Белата куќа и Стејт департментот со барање да ги исполни обврските на една земја на територијата на која е седиштето на ОН и веднаш да му издаде виза на министерот и на сите членови на руската делегација“, рече амбасадорот во изјава за руски медиуми.

Заменик портпаролот на ОН Фархан Хак изјави дека генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш е во близок контакт со САД и Русија за прашањето за издавање визи за руската делегација за учество во неделата на политички дебати на високо ниво на сесијата на Генералното собрание на ОН во септември.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русија протера јапонски дипломат, собирал тајни информации за последиците од санкциите

Катерина Павлова-Николовска

Руски и кинески бродови забележани во близина на Алјаска

Велика Британија со нови санкции за Русија поради „незаконските“ референдуми

А1он

(ВИДЕО) Русија го уништи главното оружје на Украина: Тенкови од Словенија произведени во Југославија

А1он

Редици Руси чекаат за влез во Грузија, опозицијата побара воведување визи и затворање на границите

А1он

САД бараат објаснување од Србија за тоа што е потпишано со Русија, ЕУ сериозно загрижена

Катерина Павлова-Николовска