Руска подморница не успеа да истрела интерконтинентална ракета, Путин ја следеше воената вежба

Од:

Руска нуклеарна подморница на воена вежба што се одржа минатата недела, а која ја следеше и претседателот Владимир Путин, се откажа од тестирање на интерконтинентална балистичка ракета, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Нуклеарната подморница „К-44 Рјазан“, дел од руската пацифичка флота, пред четири дена требаше да лансира две ракети „Р-29Р“ во Охотско море, а успешно била лансирана само една, додека втората остана во цевката за лансирање на подморницата, пренесе весникот „Ведомости“.

Инцидентот се случи истиот ден кога Путин ја следеше вежбата од Командниот центар во Министерството за одбрана во Москва.

Акцијата во Охотско море беше дел од пошироките воени вежби на вооружените сили- „Гром 2019“, чија цел е тестирање на подготвеноста на силите за нуклеарен судир.

Министерството за одбрана денеска го потврди инцидентот со балистичката ракета, но го отфрли тврдењето на весникот дека неуспешното лансирање на втората ракета предизвикало „итна ситуација“, пренесуваат руските медиуми.

Во воените вежби на рускиот Далечен исток и Далечен север од 15 до 17 октомври учествуваа повеќе од 12 илјади војници, повеќе од 100 летала и пет подморници, соопшти министерството.

Вежбата се одвиваше на подрачјата на Баренцово, Балтичко, Црно и Охотско море, како и на Каспиското езеро.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски