Русите велат дека повеќе од 250 украински борци од Азовстал се предале

Од:

Потпретседателката на украинската влада Ирина Верешчук објави дека Украина работи на „понатамошни фази“ на евакуација на борците кои ја бранат фабриката за челик Азовстал во јужниот град Мариупол.

Во својата објава на Телеграм, Верешук не даде никакви дополнителни информации, само кажа „ако Бог даде се ќе биде во ред“.

Повеќе од 50 ранети војници вчера беа пренесени од Азовстал во градот Новоазовск, кој е под руска контрола, а повеќе од 210 други беа пренесени во Оленивка, град во областа под контрола на проруските сепаратисти.

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека повеќе од 250 украински борци од Азовстал се предале.

„Во последните 24 часа, 265 милитанти го положија оружјето и се предадоа, вклучувајќи 51 тешко ранет“, соопшти Министерството, по претходниот извештај на проруските сепаратисти дека се предале 256 борци.

Би можело да ве интересира

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ

Стигна порака: „Новата американска помош нема ништо да смени во Украина“