Русите велат дека Америка непотребно „хистеризира“ околу Украина

Од:

Кремљ ја критикуваше американската „хистерија“ и обвинувањата од Вашингтон кој ден претходно изрази загриженост поради изјавите и постапките на Русија околу Украина.

„Таа хистерија е вештачки створена. Оние кои ги донесоа нивние воени сили од другата страна на Атлантикот, односно САД, не обвинуваат дека спорведуваме невообичаени воени активности на наша територија“ вели портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.

Оценува дека однесувањето на САД е нелогично и непристојно.

Песков ги повика Соединетите Американски Држави и нивните сојузници да престанат да ги засилуваат силите во близина на руската граница.

Претседателот на Русија, Владимир Путин го обвини Западот дека ја подбуцнува напнатоста на источната граница на Украина и во Црното Море.

Претхоно, американскит државен секретар Ентони Блинкен рече дека САД „се силно загржени поради невообичаените руски воени активности на границата со Украина“.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Нова корупциска афера во Украина, осомничен е министер за земјоделство

Русите прават голем напредок во источна Украина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

Додик отпатува за Русија