Русите тврдат дека има најмалку 20 мртви во украинскиот напад на Донецк

Од:

Најмалку 20 жртви има по денешниот напад на украинските сили во Донецк тврдат сепаратистичките регионални власти јавува Си-ен-ен.

„Во моментов можеме да зборуваме за најголем број цивилни жртви како резултат на еден напад. Загинаа околу 20 луѓе, но тоа не е конечната бројка“, изјави Денис Пушилин, лидерот на т.н. Народна Република Донецк за руската телевизија.

Тој нападот го нарече воено злосторство.

Штабот на т.н. територијална одбрана на НРД ја обвини украинската армија за лансирање ракети.

„Украинските вооружени сили уште еднаш употребија тактички ракетен систем во станбените области на Доњецк, за да предизвикаат геноцид и да уништат важна цивилна инфраструктура во главниот град на Републиката“, рече Пушилин. Во интервју за друга руска телевизија, тој рече дека руските сили успеале да го погодат овој тактички проектил, но дека сепак направил голема штета.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов руски напад на Харков, убиено 12-годишно момче

Катерина Ѓуровски

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Русија издаде налог за апсење на шефот на украинската служба за безбедност поради тероризам

Кремљ: Мировни преговори за Украина без учество на Русија се апсурдни

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Рускиот амбасадор не одговорил на повикот на Полска: Прво понудете докази

Предраг Петровиќ