Русите се вооружија: Со беспилотни летала-камикази ја уништуваат Украина

Од:

Русија употреби 71 ирански камикази-беспилотни летала против украински цели по двонеделна пауза, што укажува на тоа дека Москва ги набавила од Иран.

Ова го наведува британското Министерство за одбрана.

Британските власти на својот дневен брифинг за воено разузнавање твитнаа дека нападите укажале на тоа дека „Русија можеби почнала да добива редовни набавки од помал број“ на Шахед ОВА-УАВ.

Се верува дека има две локации за лансирање на беспилотните летала: од руската област Брјанск во североисточниот дел на Украина и од регионот Краснодар во источниот дел на соседната земја.

„Ова и дава на Русија флексибилност да цели на широк опсег на Украина и го намалува времетраењето на летот до цели во северна Украина“, се вели во објавата на Твитер.

„Тоа е веројатно и нов обид да се прошири украинската воздушна одбрана“, се додава во британската анализа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов руски напад на Харков, убиено 12-годишно момче

Катерина Ѓуровски

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Русија издаде налог за апсење на шефот на украинската служба за безбедност поради тероризам

Кремљ: Мировни преговори за Украина без учество на Русија се апсурдни

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Рускиот амбасадор не одговорил на повикот на Полска: Прво понудете докази

Предраг Петровиќ