Русите на избори по невидена репресија

Од:

Дваесет станови! Сто автомобили! Десетици илјади во подарок-бонови! Ова се само дел од наградите што им се нудат на Русите оваа недела. Треба само да гласаат.

По една година одбележана со историска репресија на опозицијата и заостанување во анкетите на Единствена Русија – партијата на претседателот Владимир Путин, руските власти прават сè што можат за да го зголемат интересот за парламентарните избори, кои се одржуваат од петок до недела.

Затоа, постерите низ Москва рекламираат „милион награди“ за гласачите кои ќе изберат да гласаат по електронски пат, и се чини дека Единствена Русија повторно ќе го освои мнозинството, иако не е популарна.

Со оглед на тоа што главниот непријател на Кремљ, Алексеј Навални, е во затвор, а другите опозиционери се истуркани на маргините, критичарите велат дека изборите само ќе ја потврдат доминацијата на сојузниците на Путин.

Изборната кампања не беше ништо посебно, дебатите се одржаа во доцните вечерни телевизиски часови и многу гласачи во Москва не покажуваат многу ентузијазам.

– Немаме вистински избор, сите тоа го знаеме и го гледаме, рече Григориј Матвеев, 29-годишен техничар за театарско осветлување.

„Гласав многу пати, но тоа е само фарса“.

Се избираат 450 претставници на Долниот дом на Думата, во која Единствена Русија сега има 334 места, а ќе се гласа и за неколку локални собранија.

Социјалдемократската партија Праведна Русија и Комунистичката партија и националистичката Либерално -демократска партија, и двете номинално опозициски иако немаат навика да го критикуваат Путин, ги имаат другите места во парламентот.

Економски фрустрации

Во нормални околности, Единствена Русија би требало да биде ранлива.

Животниот стандард на Русите континуирано слабее во последните десет години и дополнително е погоден од кризата предизвикана од пандемијата на коронавирус.

Личниот доход по даноците опадна за десет проценти од 2013 година, а цените растат. Инфлацијата во август изнесуваше 6,7 проценти.

Единствена Русија, која Навални ја нарекува „партија на измамници и крадци“, поради корупцијата е омилена цел за изразување фрустрации.

Неодамнешната анкета на државната агенција ВТсиОМ покажа дека помалку од 30 проценти од Русите планираат да гласаат за владејачката партија, додека пред изборите во 2016 година, партијата имаше поддршка од 40 до 45 проценти од гласачите.

Сепак, се очекува Единствена Русија да го задржи двотретинското мнозинство во Думата, што е доволно за уставни измени како минатата година кога беа усвоени реформите што му овозможија на Путин да остане на власт до 2036 година.

Според Леонид Волков, близок соработник на Навални, причината за ова е едноставна: „Ова не се избори“.

„Ги исклучија сите од трката, ги спречија другите кандидати да учествуваат … ова не се компетитивни избори, намерно“, рече Волков, кој живее во егзил, за АФП.

Изборната година е една од најрепресивните во 20-годишното владеење на Путин.

Откако беше отруен во август 2020 година со нервен агенс новичок, Навални се врати од Германија во јануари, за набрзо потоа да биде уапсен и затворен на повеќе од две години.

Неговата мрежа на организации е забранета како „екстремистичка“, многу негови сојузници се уапсени, а неколку блиски соработници побегнаа од земјата.

Властите, исто така, го зголемија притисокот врз независните медиуми, прогласувајќи многу од нив за „странски агенти“, ограничувајќи ги нивните активности, па дури и прогласувајќи ги за „непожелни организации“.

Репресијата започна откако провладините партии претрпеа загуби на локалните избори поради планот за „паметно гласање“ што го смисли Навални откако на неговите сојузници им беше забрането да учествуваат на изборите.

Паметно гласање

Тактиката беше да се повикаат гласачите да гласаат за кандидатот кој најверојатно ќе ја победи владејачката партија, што овозможи на кандидатите блиски до Кремљ да останат без место во Московското собрание во 2019 година.

Тимот на Навални ги повикува гласачите да го сторат истото оваа година, но на многу алтернативни кандидати им е забрането да учествуваат на изборите, а веб-страницата за промоција на кампањата е блокирана.

– Кремљ се бори против „паметното гласање“ како од оган, бидејќи тие го проценија можното влијание … и многу добро знаат дека може да биде огромно, рече Волков.

Путин, чија популарност останува висока и поддржана од 60 до 65 проценти од гласачите, се обидува да ги подобри изгледите на Единствена Русија и нареди 10.000 рубли (116 евра) во готово и 15.000 рубли (174 евра) во готово на полицајците и војниците пред гласањето.

Неговите поддржувачи посочуваат дека довербата во претседателот, која многумина се уште ја сметаат за неопходна цврста рака по хаосот во 1990-тите, ќе помогне да надвладее Единствена Русија.

– Луѓето имаат тенденција да им веруваат на властите … Сакаат економски развој, сакаат да се чувствуваат безбедно, а руските власти денес го обезбедуваат сето ова, рече заменик -претседателот на Думата од редовите на Единствена Русија, Петар Толстој, предвидувајќи мнозинска победа на партијата.

Хина – Загреб

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски