Украина: Русите извршија нови ракетни напади, сирени за тревога во Киев

Од:

Украина објави дека Русија извршила нови ракетни напади, па во многу делови од земјата се огласиле сирени.  Аларми се слушнале во Киев и поголемиот дел од Украина.

„Ракети се лансирани“, изјави портпаролот на украинските воздухопловни сили, Јуриј Ихнат, и заедно со началникот на кабинетот на претседателската канцеларија, Андриј Јермак, ги предупредија луѓето да „не го игнорираат предупредувачкиот сигнал“.

Засега нема информации за жртви или материјална штета. Во последните неколку недели енергетската инфраструктура беше нападната од руските сили, а жителите често остануваа без струја и греење.

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ